Сопственичка на серија помали, но значајни и вредни акварели го донираше на Холандскиот институт за меѓународна војна, акварел-портретот на Адолф Хитлер, објаснувајќи дека веќе не сака да го задржи во својата колекција.

Акварелот го наследила од својот татко кој го купил за 75 центи на саем каде се продавале поштенски марки и разгледници, а тој се решил за портретот, но не го забележал потписот на уметникот.

Неименуваната колекционерка прво се обидела да ја продаде сликата, но ниту една од галериите или аукциските куќи не биле заитересирани.

Сликата е изработена од страна на младиот Хитлер, велат експертите и тоа во периодот помеѓу 1908 и 1913 година, додека живеел во Виена. Подоцнежниот нацистички лидер во тоа време заработувал за живот со продажба на насликани разгледници. Имал насликано помеѓу 2000 и 3000, а биле зачувани околу 800.

Администрацијата на Институтот верува дека е подобро тие да го поседуваат акварелот на Фирерот отколку „да го продадат на аукции со други предмети со нацистички карактеристики“, изјави директорот на Институтот, Франк ван Ври.

Оставете коментар