Ник Нолт на почетокот на оваа недела им се приклучи на познатите холивудски работници, главно актери кои имаат добиено ѕвезда на познатиот Булевар на славните.

„И кога не бев актер, јас доаѓав тука да ги погледнам ѕвездите на познатите. Тогаш се потсетував на нивните филмови … За мене е голема чест да се приклучам кон нив”, изјави Нолти.

Во текот на доцните шеесетти и седумдесетти години тој беше модел. Прва значајна улога и позитивна критика за Нолт следеше во мини-серијата „Богати и сиромашни“. Од тогаш тој се појави во повеќе од 40 филма, играјќи широк спектар на ликови. Способноста на вклопување во различните ликови, атлетското тело и грубиот глас се неговите заштитни знакови.

Седумдесет годишниот актер Ник Нолт има добиено бројни награди, а за Оскар беше номиниран три пати.

Оставете коментар