Нимиц не оди и во Атина, притисокот насочен само на Скопје

Американскит дипломат кој 25 години е инволвиран во спорот за името од кои 20 како специјален претставник на Обединетите нации и медијатор, Метју Нимиц доаѓа во Скопје, објавува Македонската Телевизија од извори во Вашингтон.

Нимиц треба да пристигне до крајот на работнава недела а интересно е што тој наместо и во Скопје и Атина или Скопје и Солун како што предходно се случи во неколку наврати ќе ја посети само Македонија.

Досегашните искуства со посета на само една од земјите во конфликтот за името покажува дека токму таа земја е цел на меѓународен притисок.

Според искуствата најверојатно Нимиц од Атина добил сугестија да не патува таму затоа што од Грција не се подготвени за никакви одстапки или разговори што можат да ја загрозат позицијата на грчката влада која завчера доби закани од неонацистите на Златна Зора. (Читај тука)

Тој пред неколку недели, во интервју за грчки весник, изјави дека решавањето на прашањето за името треба да биде високо на агендата на новата влада.

Пред доаѓањето во Скопје Меѓународниот комитет за човекови права на Македонците (МХРМИ) објави дека во неофицијален разговор со нивни претставници Нимиц изјавил дека „Ако бил Македонец немал да преговара за своето име“ (Читај тука)