Нимиц ќе понуди правна рамка со празно место за името!?

Посредникот во разговорот околу името, Метју Нимиц денеска ќе ја претстави правната форма на која би можело да почива идниот евентуален договор помеѓу двете страни и кој кој понатаму би билпроследен во ОН, на средбата со министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во Виена.

Грчката агенција АНА-МПА јавува дека правната рамка ќе биде „со празни места за спорните прашања како што е името“ а  потоа ќе следи претставување на ставовите на двајцата министри.

Средбата се одржува во австриското министерство за надворешни работи, а не во седиштето на ОН, како што обично е случај, бидејќи канцеларијата на меѓународната организација е затворена за Велигден, пишува атинската агенција.

Димитров и Коѕијас синоќа имаа заедничка работна вечера, а двајцата претходно изјавуваа дека сакаат да се најде решение за повеќеденценискиот спор.

Македонската страна останува на позицијата дека е неприфатлив предлогот од Атина за слеано име кое би било недостоинствено, не прифаѓа промена на устав и бара спорот да се надминер со меѓународен договор.

Грција, пак, бара промена на устав, сложено име со географска одредница за севкупна употреба.

Владата во Атина нема единствен став за ова со помалиот коалиционен партнер „Независни Грци“ која се противи на терминот „Македонија“ во името на северниот сосед.

Против името Македонија се и над 70 отсто Грци, покажуваат последните анкети.