Нинова и Заев потпишаа спогодба за соработка на БСП и СДСМ (ВИДЕО)

Лидерите на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и на Социјалдемократскиот сојуз, Корнелија Нинова и Зоран Заев, денес во Скопје потпишаа договор за соработка меѓу двете партии.

„Договорот се базира на основните принципи на социјалдемократијата и европските вредности. Направивме заеднички заложби за промовирање на политички контакти меѓу двете партии на ниво на партиски тела, парламентарни групи, локална самоуправа, младински структури, женски структури.

Првата иницијатива ќе биде состанок на градоначалниците на БСП и на СДСМ, на кои ќе бидеме домаќини„ изјави за бугарските медиуми претседателката на БСП.

Нинована македонскиот премиер Зоран Заев му подари икона на која се прикажани светите браќа Кирил и Методиј стара 200 години.