Ништо не го поместува, Арсен Венгер останува во Арсенал

Арсен Венгер ќе остане уште две години во Арсенал, тврди BBC повикувајќи се на извори од Емирати стадионот и заклучувајќи по поканата за прес конференција утре во клубот кој 20 години од клупата е воден од Французинот.

Освојувањето на ФА купот пред три дена и тоа со добра финална претстава на Вембли против Челзи (2-1) е главната причина што главните акционери Стен Кронке и Алишер Усманов се решиле да му го продолжат престојот на Венгер во Лондон. Утре статусот на Венгер треба се да биде објавен и потврден пред новинарите.