Иако беше комплетен што се толкува како крај на бојкотот кон ФФМ актуелниот македонски фудбалски првак одигра без голови на Железарница против Скопје и уште повеќе се оддалечи од водечката во Првата лига, Шкендија.

Во денешните, преостанати средби од 23. круг во нашата главна фудбалска конкуренција Вардар ремизира со 0-0 кај Скопје, Силекс и Шкупи одиграа нерешено 1-1, а во истиот помирлив стил и без голови заврши и мечот на Победа со Академија Пандев.

Потсетуваме, вчера на отворањето Шкендија славеше во Скопје кај Работнички со 2-0, а Ренова дома со Пелистер со 1-0. Шкендија има 16 бодови предност пред второпласираниот Вардар.