Марија Шарапова е елиминирана уште на стартот од првиот Мастерс тениски турнир во сезоната. Русинката на Индијан Велс загуби од Јапонката Наоми Осака со 2-0 во сетови што покажува дека паузата поради допинг си го зема својот данок. Шарапова претходно два пати со освојуваше овој турнир, но тоа беше кога таа се наоѓаше меѓу првите 5 тенисерки на светот.

SHARE