Ни Косово не протерува руски дипломати

Loading...

Косовската влада не го следеше примерот на западните земји во врска со меѓународно познатиот инцидент „Солзбери“ пишува косовски „Коха Диторе“ со констатација дека досега не е протеран ниту еден руски дипломат.

„Газета Експрес“ потсетува дека на 4 март, во британскиот град, поранешен руски агент и неговата ќерка биле нападнати со нервен гас.

Сергеј и Јулија Скрипал с’е уште се хоспитализирани. Покрај нив, двајца полицајци и 35 други лица, во близина на местото каде што биле ослободен нервниот агенс, исто така, имале симптоми на труење.