Македонската машка одбојкарска репрезентација на импресивен начин стаса до вечерашното финале од Европската лига и има реални шанси за прв пат да ја освои. Седмата победа во низа, практично и од почетокот на оваа сезона е остварена синоќа против Данска на нејзин терен со 3-2 и денеска за триумф ќе се соочиме со Украина. Тоа е натпревар од 19 часот во кој ние влегуваме расположени и охрабрени, па и свесни за квалитетот што го поседуваме, а на кој до сега не можеа да му одолеат ни Шведска, ни Албанија, ни Азербејџан, а синоќа ни Данска.

Украинците за разлика од нас, имаа и пораз во групната фаза, и девет загубени сета, а ние во седумте меча само пет. Тоа може, па и треба да биде показател, но никако не е гаранција дека по двете загубени финалиња во претходните две години од Словенија и Естонија денеска ќе славиме со Украина. Во пресрет на финалето кое, уште еднаш, започнува во 19 часот и се игра во предградието на Копенхаген Гентофте, ќе има и меч за третото место меѓу Шведска и Данска.

SHARE