„Ни срам ни перде“: Османи ја обвини владата во која ДУИ 8 години беше втор главен фактор (видео)

Вицепремиерот за европски интеграции Бујар Османи без никаков срам и чувство за одговорност денеска за неконструктивност ја обвини истата владата на Република Македонија во која што неговата партија Демократската Унија за Интеграција беше од 2008 до 2007 година.

Османи за време на промоцијата на планот 3-6-9 зборувајќи за прифаќање на препораките на меѓународните организации и институции од страна на Македонија рече дека неприфаќањето на странските препораки од предходната влада ги запрела реформите и отстапување од евроатланскиот пат. Според него оваа влада ќе ги прифати сите овие препораки.

Вицепремиерот во обраќањето не објасни зошто во време кога ДУИ беше дел од владата заедно со ВМРО – ДПМНЕ не ги прифатила сите препораки за кои сега практично се обвини себе си и министрите на ДУИ.

Препораките се добиени од Европската Комисија, Еврокомесарот Хан, други претставници на ЕУ, Венецијанската комисија, ОБСЕ – ОДИХР телото за борба против копрупција на Советот на Европа ГРЕКО и други меѓународни организации и тела.