Леонардо ди Каприо веќе со години е познат како еден од најпосакуваните холивудски ергени, а според листата на убавици со кои тој бил во минатото, не е тешко да се заклучи кој е неговиот тип на жена. 43 годишниот Лео во последно време е често забележуван во друштво на 19 годишната новозеландска манекенка Џулиет Перкинс.

Славниот актер е „слаб“ на манекенки и супермодели, а доказ за тоа се врските со познатите модели Жизел Бундшен и Бар Рафаели, како и со данската убавица Нина Агдал.

Најпрвин го поврзуваа неговото име со 23 годишната Лорена Рае, потоа со 25 годишната манекенка Тони Гарн, со која пред неколку години беше во врска, а потоа и со прекрасната 20 годишна бринета Кендис Блекбурн, а сега своето внимание тој го насочил кон уште помлада убавица.

Оставете коментар