Прашањето за промена на името на Македонија не е во тоа дали, туку кога тоа ќе се случи, вели бугарскиот политолог Георги Кирјаков.

Тој смета дека е тешко да се прогнозира кога ќе биде најдено решение, но и дека Скопје мора да ја направи оваа промена, ако сака да стане дел од Европската унија. Затоа, тој верува дека македонскиот народ лесно ќе прифати промена на името за својата земја, пренесуваат бугарски медиуми.

„Треба да се мисли навистина побрзо за иднината на Македонија, за нејзината европска иднина и да се неутрализира влијанието на надворешните фактори, без разлика дали се од Исток или од  Запад“ вели Кирјаков и додава дека одлуката за ново име е исто така комплицирана и одзема време.

Кирјаков вели дека „варијантата ‘Вардарска Македонија’ може да доведе до претензии од наша страна, а пак името ‘Горна Македонија’ повторно да предизвика протести во Грција“.

Затоа, според него, најсоодветно е ПЈРМ да се прекрсти во „Нова Македонија“.

Тој  вели дека логично би било Грците и Македонците „да се согласат со тоа дека има некаков нов дневен ред на Балканот, кој треба да биде исчистен од историските наслаги во односите меѓу различните балкански држави и дека Нова Македонија е нешто како идна Македонија“.

Оставете коментар