Нова провокација од Талат Џафери: „Република Илирида“ влезе во собранието

Припадници на вонуставната организација „Република Илирида“ која што не ја признава македонската унитарност и устав вчера имале средба со претседателот на македонското собрание Талат Џафери во неговиот кабинет, дознава expres.mk од извори во парламентот.

Припадници на оваа според законот илегална организација која тврди дека е „Федерална единица на заедничката држава ФИРОМ“ потврдуваат дека “Албанската национална армија“ имала средба со Талат Џафери во просториите на Собранието.

На средбата се разговарало за позициите и правата на Албанците во Поранешната Југословенска Република Македонија како што ја нарекуваат земјата, како и за нивните идни планови и можна соработка со други организации и институции во ФИРОМ, Албанија и Косово.

Организацијата „Република Илирида“ според нејзините членови е формирана на 6 април 1992 година од активисти во Струга.

Според фотографиите до кои дојде expres.mk 7  членови на „Република Илирида“ имале средба во кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери а за оваа средба македонската јавност не била запознаена од прес службата, кабинетот и телата на македонското собрание.