Новиот лидер на БЕСА може да биде од ДУИ

Дел од медиумите на албански јазик во земјава објавуваат дека членството на Беса верува оти една важна фигура може да ја обедини партијата која неодамна брзо крахираше.

Кризата кулминираше откако скопскиот огранок го разреши Билал Касами од раководната позиција и како вршител на должност го постави пратеникот Неџбедин Кахремани.

Станува збор за Арбен Лабеништа – лекар од Струга, кој се смета за најприфатливо име што ќе седне во лидерската фотелја на партискиот конгрес на 24 февруари.

Повикувајќи се на сопствени партиски извори „Лајм“ пишува дека Лабеништа „е обединувачка фигура која ќе ги смири страните“.

Лабеништа во април 2015 година даде оставка од позицијата заменик министер за одбрана како кадар на ДУИ.

Докторот е познат како отворен поддржувач на УЧК во време на војната на Косово.

Ќе успее ли движењето Беса да се избори со моќните домашни и странски служби, за кои како што самите рекоа, веруваат дека го предизвикале расколот за да ја ослабнат партијата?

Во Беса пукна тиквата во моментите кога владејачкото мнозинство е сериозно разнишано, а Заев и Ахмети имаат реална потреба од поголем број на пратеници откако Села излезе од коалицискиот брак со Заев и Ахмети.

Оставете коментар