Уште 7 милиони евра ќе бидат инвестирани од бугарското Министерство за регионален развој и урбанизам за развој на пограничниот регион меѓу Бугарија и Македонија преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ-ИПА 2014 – 2020 година.

Деница Николова

Ова го соопшти заменик-министерката Деница Николова која претседава со петата седница на Заедничкиот комитет за следење на програмата, што се одржи во Ќустендил, пишува деловниот портал ECON.bg.

Според порталот деновиве ќе биде објавен вториот повик за проектни предлози од организации од двете страни на границата, а рокот за аплицирање ќе биде три месеци.

Николова истакна дека во моментов меѓу двете земји се се изведуваат 48 проектот во вредност од на 10 милиони евра.

Проектите се од областа на подобрување на можностите за развој на туризмот, заштита на животната средина и зголемување на конкурентноста.