На турнир на младите таленти во Милано во ноември годинава Меѓународната тениска федерација ќе направи тест на новите правила кои се предвидуваат во иднина за сите во овој спорт, па и за натпреварите од Гренд Слем серијата. Неколку измени ќе влијаат драстично на текот на мечевите за кои се очекува да траат пократко и да бидат повеќе во функција на гледачите на трибините и на тие што ќе ги следат ТВ преносите.

Еве ги најзначајните промени. При сервисот веќе нема нец што ќе им даде предност на добрите сервери. Мечевите би траеле 3 сета, но секој од нив би одел само до четврти гем наместо сегашните 6. За добивање на истите, при нерешено (40-40) не би имало потреба од два поена разлика, туку гемот го добива тој што го освојува првиот следен. Тај брејкот би се активирал при 3-3 во гемови, а големи временски скратувања има и во загревањето на тенисерите и во медицинските тајм аути.

За сега нема реакција од најдобрите од АТП и ВТА листите.

SHARE