Темните ленти на Марс не се водотеци, туку песок во движење, покажуваат резултатите од најновите истражувања.

Според една студија од 2015 година, како вода на Марс се претставени темни линии слични на водотеците, но сега научниците од Аризона велат дека станува збор за суви, стрмни потоци на песок, на или во близина на површината.

Научниците велат дека ако имаат вода таа е во мали количини кои не се доволни за живот, известува АП.

Но, НАСА објави дека истражувањето продолжува и дека можноста за присуство на вода на Марс не е целосно отфрлено.

Оставете коментар