Лука Циндриќ од Вардар е прогласен од страна на ЕХФ за најдобар ракометар на Европа за 2017 година. Хрватскиот среден бек кој беше многу важен во освојување на титулата во Келн доби најмногу гласови од навивачите, 6731 и во тесна битка беше подобар од Мате Лекаи од Веспрем. Во конкуренција инаку беа и Арпад Штербик, Илиќ, Де Варгас, Агинагалде, Халбаг и Сагосен.
Во истото гласање кај девојките Романката Кристина Негау освои преку 15 илјади гласови и е убедливо најдобра ракометарка на стариот континент за минатата година.
Инаку околу Циндриќ наградата доаѓа пред се, поради голот против Барселона што го однесе Вардар во финалето од ЛШ каде потоа беше освоена и титулата.