Транс јадранскиот гасовод ТАП (Trans Adriatic Pipeline TAP) објави податоци за напредокот на работите до крајот на 2017 година во кои се наведуваат пробини 878 километри,  550 километри во Грција, 215 километри во Албанија, 105 километри во Јадранското Море и 8 километри на крајната дестинација  –  Италија.

Целосната инвестиција за изградба на ТАП во Албанија изнесува 1,5 милијарди евра, со што оваа земја е меѓу најголемите инвеститори.

Проектот ТАП во Албанија во моментов вработува 2.200 луѓе, а 84 отсто од нив се Албанци.

Првите тестови на гасоводот ќе бидат спроведени во 2019, а гасоводот ќе профункционира во 2020 година.

ТАП е дел од Јужниот гасен коридор и најважен енергетски проект за ЕУ. Изградбата на гасоводот ќе ги снабдува земјите од ЕУ со гас од Азербејџан со цел да се намали увозот на гас од Русија.

ТАП ќе се поврзе со Трансанатолски гасовод (ТАНАП) на грчката граница со Турција, а потоа ќе помине покрај Грција, Албанија и Јадранското Море ќе завршат на брегот на јужна Италија.

Македонија потпиша, но ретерираше од изградбата на таканаречениот „Јужен тек“ кој требаше да го снабдува регионот со руски гас, откако во ЕУ констатираа монополска позиција на добавувачот.