Кошаркарите на македонскиот првак загубија и од Олимпија со 94-85 и останаа на последното место во Јадранската лига со само два триумфа и шест порази. Клучниот дел од средбата е периодот од 36-37 минута кога МЗТ Скопје при 81-84 имаше напад за изедначување. Не го искористи, па љубљанчани се одлепија. Од делот на играта забележливо е дека и по сите промени во екипата, никој се уште не игра одбрана, па Аеродромци имаат убедливо најлоша кош разлика и просек од 94 примени поени.
Единствениот вреден момент од мечот е рампата на Мајсторовиќ од МЗТ Скопје.

Оставете коментар