Нов скок на македонската берза

Loading...

Македонската берза го продолжи трендот на благ пораст кој трае веќе десетина дена. Најголем скок (11 проценти) денеска доживеаја Тиквеш и неговата акција сега вреди 2.332 денари и акциите на НЛБ (10 проценти) чија вредност сега изнесува 10.985 денари. Нешто помало позитивно раздвижување имаа Алкалоид чија акција достигна ниво од 5600 денари и таа на Стопанска банка која вреди, 932 денара.
Кај останатите атрактивни акции како тие на Фершпед, Гранит, Комерцијална банка, Витаминка и други, денеска немаше промени на индексите.