Во 2017 година уделот на електричните и хибридни автомобили во Норвешка надминал 50 проценти.

Ова го покажуваат податоците на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИЕА), според која само чистите електрични автомобили во скандинавските држави веќе заземаат 39 отсто од возниот парк, соопштува Reuters.

Минатата година, побарувачката на хибриди и автомобили на струја е зголемена за насто и така чистите возила кои не ја загадуваат околината веќе учествуваат со 5 отсто од сите возила на патиштата во земјата.

Главната причина за високата побарувачка се должи на дарежливите стимулации понудени од норвешката влада за купувачите на електромобили. Во повластувања влегуваат пониски даноци, намалувањето на различните такси, бесплатно паркирање и полнење…