Македонската фудбалска „А“ селекција ја победи Норвешка со 2-0 во пријателската средба што денеска се одигра во Скопје. Со тоа црвено жолтите ја продолжија на пет меча серијата во која не се поразени, а во која претходните четири беа официјални средби.
Мечот на Филип втори арената го решија Горан Пандев и Кире Марковски го погодоци во финишот на двата дела. Во 43 минута на додавање на Алиовски капитенот пласираше за 1-0, а во 94 минута младинецот на Работнички искористи голема грешка на скандинавскиот голман при изфрлувањето и ја погоди празната мрежа.

Оставете коментар