Нордиските амбасадори во Атина на средба за името

Амбасадорите на нордиските земји во Грција вчера во Атина имале средба со портпаролот на грчката влада Ѕанакопулос.

Една од централните теми на разговорот покрај грчката економија, Турција, Кипар и Кина било и прашањето за името Македонија.

Со Ѕанакопулос се сретнале амбасадорите на Норвешка, Финска и Шведска.