Кливленд го победи Голден Стејт со 137-116 и намали на 3-1 во рекордната ноќ во Квикен Лоунс арената. Триумфот на Кавси се виде уште во првата четвртина кога тие уфрлија 49 поени, што е една о поодбрените бројки. Втората е таа од полувремето кога Кливленд водеше со 86-68, а другите се индивидуални и се врзани со Леброн Џејмс. Тој со 31 постигнат поен сега е трет на вечната листа стрелци во НБА финалињата, зад Џери Вест и Карим Абдул Џабар, а со 10 скокови и 11 асистенции дојде и до 9. трипл дабл со што го мина Меџик Џонсон.
Леброн имаше супер соработници во Кајри Ирвинг со 40 поени и Кевин Лав со 23, а Кевин Дурент на другата страна имаше 35 поени и 14 скока, но немаше соработник зошто Стеф Кари даде 14, а Клеј Томсон 13 коша.