Омилениот еурокрем кој се јаде намачкан на палачинки или во моменти на криза, го промени на рецептот. Нутела сега има повеќе шеќер, масти и млеко во прав, а намалено количество на какао и лешник.

Произведувачот гарантира дека квалитетот останал ист, но многу фанови на популарниот десерт се разочарани.
Просечната Нутела сега има 56,3 проценти шеќер, наместо претходните 55,9 проценти.

„Нутела сега е со видно посветла нијанса на кафена боја, а истражувањето покажа дека содржи и помалку какао во прав”, рече член на здружението на љубители од Хамбург.

Социјалните мрежи се полни со коментари од разочараните корисници на овој деликатес. Тие пишуваат и дека Нутелата сега има околу 90 проценти палминото масло, што тврдат дека не е добро за здравјето на луѓето.
„Бојкот”, напиша лут потрошувач, а друг на Твитер порача „Вратете ни ја Нутела“. Некои отидоа толку далеку што се обединуваат во кампања за избегнување на користење на најпопуларниот светски еурокрем.

Оставете коментар