НЦИС започнува со снимање на 15. сезона

Loading...

Една од најгледаните серии во 21.век, американската НЦИС, започна со снимање на новата 15. сезона, која според повеќе од актерите, а и по изјава на продуцентот Давид Белисарио, би требало да биде и последна.

Доживувањата на екипата морнарички истражители се снима од од 2002. година, а се емитува од 22 април 2003. година. До овој мај се прикажани вкупно 330 епизоди и девет ТВ филма, што на продуцентите, актерите и останатите им овозможија и повеќе награди на повеќе фестивали.

Во меѓувреме почетниот тим доживеа промени, па од старата екипа останаа Марк Хармонд (Џетро Гибс), Шин Мареј (Тим МекГи), Поли Перет (Аби Шуто), Дејвид МекКалум (Др. Малард), а по напуштањето на серијата од страна на Мајкл Ветерли (Тони ДиНозо) и Коти Де Пабло (Зива Давид) во неа се вклучени Џенифер Еспозито, Вилдер Валдерама и Емили Викершам.