Останува ли Македонија без амбасади во Москва, Минск и Талин?

Loading...

Најавата за протерување на еден македонски дипломат од Русија во знак на реципроцитет за протерувањето на руски дипломат од Скопје е опасност Македонија да остане без амбасада во една од најмоќните земји на светот.

Ако Русија опстои на идејата да избрка македонски дипломат нема голем избор затоа што единствен вработен во македонската амбасада во Москва е Гоце Карајанов, дипломат од кариера од МНР.

Со оглед на тоа што останатите соработници на Карајанов не се професионални дипломати и немаат дипломатски статус единствен кој може да биде протеран е амбасадорот.

Карајанов е и единствениот кој има пристап до системот комуникација со Скопје кој има крипто заштита што значи дека освен за технички информации амбасадата во Москва ќе треба да биде затворена.

Со тоа Македонија ќе ја загуби и амбасадорската комуникација со Белорусија која ја покрива токму Карајанов од Москва.

Во исто време Македонија може да загуби уште една амбасада, онаа во Талин, Естонија за која ексминистерот за надворешни работи Антоноо Милошоски тврди дека може да биде затворена поради недостаток на пари во буџетот на МНР.

Вршител на должност во Талин според веб сајтот на МНР сега е дипломатот од Слободан Узунов а според информациите на expres.mk e Александар Василевски.

Досега МНР не најави дека постои проблем со финансирање на дипломатските претатавништва на РМ во странство.