Обвинетите во случајот „Mонструм“ пуштени на слобода (ВИДЕО)

Врховниот суд донесе одлука Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута да бидат пуштени на слобода, откако претходно одлучи случајот да се врати на повторно судење.

На обвинетите кои поминаа 5.5 години во притвор им се определени други мерки за претпазливост.

Четири момчиња и еден рибар беа убиени на Велигден крај Смилковското Езеро.

„Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот познат во јавноста како „Монструм“, со кое обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ., имаат забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје I Скопје два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода“, се вели во соопштението од Врховен суд.

Случајот е вратен на повторно судење откако беа укинати пресудите на Апелациониот и Основниот Суд Скопје 1.

Одбраната на обвинетите вели дека во повторената постапка ќе се докажува невиноста.

Од ВМРО ДПМНЕ реагираат дека судството под политички притисок ослободило лица обвинети за тероризам.

Од ДУИ ја поздравија одлуката на Врховниот Суд, за повторно судење и за одлуката обвинетите да се бранат со слобода јави ТВ Сител.

Уште од почетокот на истрагата, а потоа и на судењето на случајот, Демократската унија за интеграција инсистираше на целосно расветлување на вистината, транспарентно судење на случајот со истакнат меѓународен мониторинг и регионална соработка на институциите“, се вели во партиското соопштение.

Оставете коментар