Обвинетите од „Диво насеље“ долетаа на суд со хеликоптер (ВИДЕО)

Одлуката за обвинети за тероризам на кој им се суди за терористичките напади во кумановското „Диво Насеље“, во мај 2005 година ќе биде соопштена денеска од Основниот суд 1 во Скопје.
Дел од обвинетите биле донесени на суд со хеликоптер кој слетал на кејот на реката Вардар, пренесе 24 вест.
Судскиот процес против 37 обвинети за терористичко организирање започна на 9 февруари 2016 година.
Акцијата во кумановската дива населба започнала рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траела речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај. Акцијата завршила со целосно неутрализирање на терористичката група, од која дел ѝ се предале на македонските власти.
Поради денешното рочиште, дел од сообраќајот на сообраќајниците во Скопје беше блокира.

Оставете коментар