Обвинители од СЈО му се заканувале на новинар

Loading...

Новинарот Саше Димовски добил закани од обвинители од Специјално јавно обвинителство (СЈО) поради објавен напис на порталот „Сведок.мк“ за началничка на Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), осудена во еден од предметите што се процесираат од СЈО.

„’Стави се само пет минути во нејзина кожа како ѝ е’, ‘Од утрово ни прати десетина пораки и ни се јави’, ‘Легни на Клиника да не ти се случи уште нешто’, беа само дел од ‘поентите’ во учтивиот разговор со обвинителот на СЈО. Разговорот беше дека НИЕ (СЈО) заклучивме, што укажа дека зад заканите стојат повеќе обвинители“, пишува „Сведок“ за заканите до Димовски, додавајќи дека обвинителите се јавувале и во други медиуми за да не се пренесува сторијата.

Порталот објави дека началничката во УБК, откако беше покренато обвинението за прислушувањето во кое е обвинета за помагање по извршено кривично дело, самата отишла во СЈО, по што обвинителите и излегле „пресрет“ и поднеле предлог до Судот за донесување пресуда по признание на вина.