Јавниот обвинител Лилјана Спасовска побара од судот да ја одложи јавната седница за случајот “Монструм” и тоа на подолго време, и како негова обврска од Законот за кривична постапка да ги обезбеди доказите од СЈО. Со нив, смета Спасовска, ќе може комплетно да се анализира предметот и ќе се утврди дали новите околности ќе влијаат на конечната пресуда.
Врховниот суд ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, на која требаше да се решава за доживотните затворски казни на петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Причина е отсуство на адвокатот Насер Рауфи, а новата, со одлука на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски е закажана за 9 јуни.

SHARE