23. годишен, за сега, неименуван маж е уапсен и обвинет за учество во заговор за убиство на францускиот претседател Емануел Макрон на Денот на Бастилја на 14 јули, пренесува BBC.
Човекот беше уапсен минатата среда во едно од париските предградија и тоа по пријава на играчите на воени видео игри кои ја известиле полицијата дека тој најавил дека планира да купи пиштол со намера да пука во Макрон.

Полицијата при претресот на неговото возилото  пронашла три кујнски ножеви, а со пребарувањето по неговиот компјутер ги открила и потенцијални цели. По апсењето, осомничениот и признал на полицијата дека се подготвувал за напади, но планирал тоа да биде врз “муслимани, евреи, црнци и хомосексуалци”, јавува AFP.

Одбележување на Денот на Бастилја се слави на 14. јули во чест на почетокот на Француската револуција и се одржува на Елисејските полиња во Париз. Поранешниот француски претседател Жак Ширак во 2002. година доживеа и преживеа атентат токму на Денот на Бастилја кога маж пукаше од пушка, но брзо беше совладан.

Оваа година инаку веќе имаше два напада врз полицијата на Елисејските полиња.

SHARE