Препорачуваме за денеска: Овошна витаминска бомба

Покрај тоа што е вкусен, ова е овошен напиток полн со витамини, а особено е добар за заштита од настинка и грип. Бананата ќе ни помогне да го поправиме расположението, а хранливи материи од ѓумбирот и морковот се за подобрување на имунитетот. Кивито, ананасот, лимонот и портокалот ќе му обезбедат на нашето тело доволно витамин Ц за цел ден, а медот се ќе заслади.

-100 g од сецкан ананас (свеж или конзервиран)
-1 банана
-1 киви
-половина чаша вода
-сок од еден лимон и еден портокал
-1 лажица мед
-ѓумбир и морков по желба

Ставете ги сите состојки во миксер и мешајте околу 10 секунди. Послужете веднаш и уживајте!

SHARE