Во кората на многу производи се наоѓаат хранливи материи кои му се потребни на нашиот организам. Дознајте кое овошје и зеленчук не би требало да ги лупите.
Во текот на подготовката на храната, често се одлучуваме да ги излупиме овошјето и зеленчукот, особено кога не сме сигурни дали станува збор за третирани производи, па сметаме дека во кората се наоѓаат најголемиот број на пестициди и слични материи.
Меѓутоа, тие кори често се извор на хранливи материи кои му се потребни на нашиот организам и кои всушност на крај ги фрламе во канта за отпад. Наместо лупење, подобро да се одлучите за перење на овошјето и зеленчукот со топла вода, или да го накиснете во раствор од вода и сода бикарбона.
Еве кое овошје и зеленчук не би требало да ги лупите:


Крставици
Овој пролетен и летен зеленчук е вистинско освежување. Многу луѓе избегнуваат да јадат нелупенакрставица бидејќи често кората има горчлив вкус. Тие се состојат највеќе од вода, односно околу 96%. Во кората се наоѓаат највеќе хранливи материи, па така кората на свежата крставица е богат извор на витамин А, а во нешто помали количини може да се најдат и витамини и од Б групата. Голем удел на витаминот А значи дека во кората се наоѓа бета-каротенот, антиоксиданс кој има многу здравствени придобивки. Освен тоа овој зеленчук ќе ве освежи во текот на летните горештини, и не мора премногу да се грижите колку ќе изедете, бидејќи 100 грама крставица содржи само 12 калории.
Моркови
Со оглед на тоа дека кората на морковот е идентична со нејзиното месо, значи дека исти хранливи материи се наоѓаат во двата дела на овој зеленчук. Причината зошто би требало морковот добро да ги исперете, е тоа што во првите слоеви се наоѓа најголемиот извор на хранливи материи. Морковот е најбогат со бета-каротен, кој може да се најде и во другите портокалови и темно зелени производи, а се работи за провитаминот А, кој е неопходен за нормална функција на кожата и слузницата и се смета дека делува антиканцерогено, како и дека го зајакнува имунитетот. Освен бета-каротен, во морковот се наоѓаат и диетални влакна, калциум, фосфор, железо, како и натриум и калиум.


Компири
Компирот е производ кој е меѓу побогатите извори на влакна, а во 100 грама компир има само 58 калории и дури 2,50 грама влакна. Освен влакната, компирот е богат со витамин Ц, и во 100 грама може да се најдат дури 11,40 мг. Она што е најважно за да се сочуваат сите овие богатства на компирот, е начинот на кој го подготвуваме. Ако го подготвуваме без неговата кора, губиме голем дел од витаминот Ц, додека со варење или печење со кора можеда се зачува до третина од витаминот Ц. Во народната медицина на многу култури, компирот се користел како лек, а се смета дека кората на варен компир снижува и покачен крвен притисок. За кората на компирот се смета дека има антиоксидативни својства, односно ги неутрализира слободните радикали.


Јаболко
Во кората на јаболкото се наоѓаат нерастворливи влакна познати под името пектин. Ако изедете едно јаболко со средна величина, дневно внесувате 3 грама прехранбени влакна, што е 10% од препорачаната доза. Овие влакна влијаат на снижување на лошиот холестерол, како и шеќерот во крвта. Освен тоа пектинот ќе ја намали желбата за јадење. Во кората на јаболкото највеќе се наоѓа антоцијанин, биофлавоноид и антиоксиданс кој влијае на бојата на плодот, а кој е познат по тоа што штити од воспаление на ушите и оштетувања. Во кората може д асе најде и флавониод кверцетин, исто така антиоксиданс кој помага кај проблемите со системот на дишење, односно ја подобрува работата на белите дробови.
Модар патлиџан
Освен што патлиџанот треба да се избира по изгледот на кората, која треба да биде сјајна и цврста, таа треба да се остави во текот на подготовката на патлиџанот. Во кората има антоцијанин насунин, кој го врзува железото и ги штити ќелиите од оштетување. Поради ова се смета дека тој има антиканцерогено дејство. Освен тоа, овој антоцијанин е одличен во борбата против холестерол. Патлиџанот е исто така богат со витамини од групата Б и се препорачува како составен дел под исхраната.

SHARE