Одбија ордени, го засрамија претседателот Хашим Тачи

Косовскиот публицист, Ветон Сурои, одби да биде одликуван со орден од страна на косовскиот претседател бидејќи тој смета дека Хашим Тачи направил голема штета за Косово.

Приштински портали пишуват дека одликувањето било одбиено и од поранешниот косовски претседател, Јакуп Красниќи, како и од Реџеп Сељими од Движењето за самоопределување.

Ветон Сурои на Фејсбук објави зошто не сака да прими орден: Тачи е најодговорен за „заробување, изолација, за поткрадување за, духовно и ментално осиромашување на Косово“, како и за иселивањето и изгубените перспективи за младите.

Сурои, кој учествуваше во процесот на преговори во Рамбује и во Виена пред,  по втор пат е  предложен за орден од Хашим Тачи кој претседателот го доделува на годишнината од прогласувањето независност на поранешната српска покраина.

Косово прогласи независност на 17 февруари 2008 година.