Нешто повеќе отпор од вториот противник на македонската машка одбојкарска репрезентација, селекцијата на Албанија, но одново на Кале во Скопје е забележана победа од 3-0. Турнирот број 1 во групата А сега веќе извесно ќе го завршиме како први бидејќи единствени имаме две победи, а и сет количникот ни е 6-0, што е далеку и од втората Шведска која по денешниот триумф од 3-2 против Азербејџан има 3 бода и сет разлика од 5-5.

Македонија на Албанија и дозволи 21, 16 и 22 поена во трите сета иако треба да се потенцира дека се доби впечаток дека соседот е далеку подобра селекција од Азербејџан. Утре на завршница од тридневните натпревари играме со Шведска (Кале 19.30), по што од петок одиме во Тирана на вториот турнир со цел да бидеме меѓу првите две селекции и одново, по четврти пат во последните четири години да заиграме на Фајал форот во Европската лига.

SHARE