Од 1 јуни директен лет од Скопје до Варшава со полски ЛОТ

Loading...

Почнувајќи од 1 јуни, полскиот авиопревозник ЛОТ ќе почне со први директни летови од Варшава до Скопје, а до главниот град на Македонија ќе лета шест дена во седмицата, освен во недела.

Оваа дестинација ќе се одржува со авиони „Ембраер 170“ со 70 места за седење и „Ембраер 175“ со 82 седишта, со три патнички класи: економска, премиум економска и бизнис.

„Скопје и Македонија е целосно нова дестинација понудена од ЛОТ. Таа земја секоја година е сè попопуларна меѓу туристите, маѓепсувајќи ги со своите историја, регионална кујна и културна разновидност. Таа исто така е идеална појдовна точка за патувања во соседните земји: Грција, Бугарија и Албанија“, вели Адријан Кубицки, директор за корпоративни комуникации и портпарол.

Тајминзите на летовите се прилагодени така што патниците од Скопје да имаат пристап до брзи и удобни поврзувачки летови од аеродромот „Шопен“ во Варшава, до дестинации во САД, Канада и Западна Европа, на пример, Скандинавија.

Покрај од Варшава до Скопје, нови дестинации на ЛОТ годинава ќе бидат и до Подгорица и до аеродромот „Домодедово“ во Москва, втор најголем во главниот град на Русија, како и од Краков до Будимпешта.

ЛОТ сега ќе оперира до 12 дестинации на Балканот – покрај Скопје и Подгорица, тие се Дубровник, Загреб, Сплит, Пула, Задар, Белград, Љубљана, Софија, Букурешт и Клуж.