ОМД му нуди смартфон на Османи за да не му завидува на Коѕијас

Претседателот на Обединета македонска дијаспора, Мето Колоски, сака да му подари „паметен телефон“ на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, чиј твит по денешната средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во Брисел го нарече срам за Македонија.

„Со Никос Коѕијас ја договараме нашата следна средба. Јас со мојот бележник, а тој со неговиот смартфон. Ова е уште еден доказ дека ургентно ни е потребен напредок кон вредностите и стандардите на ЕУ“, твитна Османи по средбата со Коѕијас.

„Бујар Османи, ако ти треба смартфон, би биле среќни да ти донираме еден на тебе! Твојот твит и оваа слика се срам за Македонија – каква шега!“, реагира Колоски на својот профил на „Твитер“.

 

Оставете коментар