Φωτογραφία από drone της Ελληνικής Αστυνομίας και εικονίζει κόσμο που συμμετέχει στο συλλαλητήριο για την ονομασία των Σκοπίων, προκειμένου να μην υπάρχει ο όρος "Μακεδονία" στην ονομασία της γειτονικής χώρας, στην πλατεία Συντάγματος, Αθήνα, Κυριακή 4 Φεβρουαρίου 2018. ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΕΛΛΗΝΙΚΗ ΑΣΤΥΝΟΜΙΑ/STR

Грчката полиција објави видео снимено од хеликоптер од вчерашниот протест во Атина, но нема време и датум кога била направена снимката.

„Никогаш не сум видела видео од полицијата без датум и време” изјави пратеничката на Неа Демократија, Макис Воридис.

Пратениците од опозицијата, како и обичните луѓе што протестираа вчера на плоштадот „Синтагма“, тврдат дека видео-снимката што ја објави полицијата била снимена пред почетокот на митингот.

Организаторите тврдат дека имало меѓу еден  и 1,5 милиони луѓе на протестот.

Од владата изјавија дека протестот не ги исполнил очекувањата на организаторите и дека не предизвика „земјотрес“ како што очекувала опозицијата.

Министерот за јавен ред и безбедност, Никос Тоскас, изјави дека објавеното видео било снимено во 14,55 часот кога имало најголемо присуство на протесто, но дека датумот и времето од видеото биле избришани затоа што биле „погрешни“.

Полицијата тврди дека на протестот биле присутни 140.000 граѓани и ги повика оние кои се сомневаат во бројката и доколку имаат топограф да дојдат „да ги изброиме заедно“.

За телевизијата ANT1, Тоскас истакна дека видеото било снимено поради медиумски напади во кои се вели дека имало еден милион демонстранти во Атина.

„Го објавивме видеото во јавност за да се потврди вистината“ рече тој.

 

 

Оставете коментар