Опозицијата прифати соработка со власта и го побара договорот со Бугарија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на Комисијата за надворешна политика на која отчет за посетите на Атина и Софија даваше Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на власта и порача дека ја прифаќа понудата на СДСМ за соработка за стратешките теми но дека нема да биде алиби за направените пропусти.

Димовски вели додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи грешките во надворешната политика да се прикриваат со консензус на кој што се повикува министерот Димитров и  дека ќе се залага да го има помеѓу политичките партии. Тој во име на ВМРО – ДПМНЕ бара владата да се разгледа предлог документот на договорот за добрососедство со Бугарија за да не се случи грешка на дипломатијата.

„Со ова би биле во можност да го разгледаме тој нацрт договор пред да биде склучен. Верувајте дека има многу граѓани на Република Македонија кои што преку нас сакаат да ве прашаат вас и господинот Заев, на пример дали потпишувањето на тој договор ќе значи дека Илинденското востание е македонско или е бугарско востание или е заедничко.

ВМРО – ДПМНЕ потсетува дека и за неа влез во НАТО со ФИРОМ е прифатлива опција која што предходно не можела да се спроведе поради Грција.

„Јас би ве потсетил дека политиката за влез во НАТО не е нова и не е на оваа Влада туку тоа беше политика и на предходната Влада и ние исто така кажувавме дека Македонија има право на членство во ЕУ и НАТО со привремената референца“, порача Димовски на Комисијата за надворешна политика.

Според Димовски политиката сега ја води СДСМ и ако подаде рака ќе добие рака но нема на овој начин да се покриваат грешките. Според него ниедно решение не смее да биде на штета на националните интереси на земјата.