Општините во хаос до октомври

Loading...

Локалните избори ќе се одржат во првата половина на октомври, а мандатот на советниците и градоначалниците ќе биде продолжен до одржувањето на изборите, се договориле претставници на парламентарните партии на денешната координативна средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. На средбата не присуствувал претставник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Партиите се договорија дека од исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во месец октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците“, пишува во соопштението од Собранието.

Џафери ги повикал партиите да направат пратенички групи.

„Џафери и претставниците на политичките партии се согласија дека политичкиот дијалог мора да продолжи во Собранието на Република Македонија и дека сите политички субјекти треба да бидат одговорни пред граѓаните и да допринесат за продолжување на демократските процеси во Република Македонија“, наведено е во соопштението.