Унгарскиот премиер оцени дека 2018 година ќе биде клучна за Европа и дека земјите од Централна Европа ќе се свртат кон Кина доколку Европската унија не им обезбеди средства за изградба на потребната инфраструктура.

„Централна Европа треба да ги надмине сериозните недостатоци во поглед на инфраструктурата и сé уште има многу да се направи во оваа област“, предупредил Виктор Орбан на економскиот самит организиран од германскиот весник Ди Велт.

Тој додаде дека земјите од Централна Европа имаат потреба од финансирање за изградба на нови патишта и гасоводи.

„Ако ЕУ не може да обезбеди финансиска поддршка, ќе се свртиме кон Кина“, рече тој.

Според него, земјите од Вишеградската група покажуваат динамичен раст и би можеле да ги стигнат поуспешните западни земји до 2030 година и да станат, заедно со Германија, најмногу да придонесуваат во буџетот на ЕУ.

Оставете коментар