Ориѓански: Аеродром „Леб и сол“ има фина смисла

Аеродромот Александар Велики кој што владата го преименувала во Аеродром Скопје требало да добие помодерно име, смета музичарот Златко Ориѓански кој важи за силен поддржувач на владата.

“Недостасува модерност! Аеродром ‘Леб и сол’ има некоја фина смисла, знак за префрлање на нова страна. Аеродром ‘Скопје’ е банално, неинвентивно, демоде, повеќе личи на: внимавам да не погрешам, отколку сакам да погодам. Модерност ви недостасува во сите области!“, им порачува Ориѓански на Владата и на премиерот Заев.

Аеродромот, кој до 2006 година се викаше Петровец, по што беше наречен „Александар Велики“, од денеска во знак на добра волја кон Грција со одлука на Владата се вика „Меѓународен аеродром Скопје“.

 

Оставете коментар