Османи во Бања Лука не заминал како Европеец, а не како Албанец

Одлуката да не одам во Бања Лука ја донесов како европеец, а не како Албанец, вели вицепремиерот за евроинтеграции кој на регионален самит за Западен Балкан не замина затоа што Косово не било повикано на истиот.

Присуството би значело оштетување на интересите на државата, изјави вицепремиерот за европски прашања.

Мојата одлука е согласно интересите на државата, а интересите на државата се во рамки на Стратегијата на ЕУ, и присуството би значело оштетување на интересите на државата, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција, прашан за одлуката да не учествува на конференцијата за Западен Балкан во Бања Лука.

– Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ, е помирувањето. И било каква иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија – изјави Османи.

Османи вели дека ако не била повикана било која друга држава освен Косово немало да учествува на таа конференција, бидејќи, како што рече, не е во духот на соработката и регионалното помирување.

Османи смета дека таа одлука е во рамки на интерсите на државата.