Осомничените од СЈО нема кој да ги брани

Кој ќе ги брани осомничените и обвинетите од СЈО по 31 јуни кога истекува договорот на адвокатскиот тим на Никола Додовски кој е бранител на најголем дел од нив, е прашањето кое што го поставува агенцијата макфакс.мк во врска со правната заштита на десетици луѓе кои ги гони Катица Јанева и нејзиниот тим?

Во анализата се вели дека договорот на тројцата адвокати што му помагаат на адвокатот Никола Додовски во сите предмети поврзани со Специјалното јавно обвинителство истекува на 31 овој  месец, денот кога завршува рокот од 18 месеци во кој СЈО може да поднесе обвиненија.

Дел од нив си нашле замена, но најголем дел сеуште не знаат кој ќе ги брани од први јули. Според Макфакс нов адвокат на Сашо Мијалков, екс-директорот на УБК, ќе биде адвокатот Љупчо Шврговски, кој на јавноста ѝ е познат како поранешен јавен обвинител.

SHARE