Осомничени и 300 лекари за мито во скандалот Новартис во Грција

Многу поовеќе од првичната проценка од 3 милијарди евра се чини дека е загуба во мега-скандалот поврзан со фармацевтската индустрија на Новартис кој предизвика земјотрес и на политичката сцена во Грција.

Обвинителството, како што јавуваат грчки медиуми, се чини дека има податоци што покажуваат дека штетата што ја претрпе државата е „повеќекратно“ поголема од првично проценетите 3 милијарди евра.

Веќе има листа и од 300 лекари и лица од јавниот сектор кои се проверуваат дека земале мито во висина од 1.000 до 5.000 евра.

Новата листа на 300 лекари е додадена на речиси 4.000 случаи, за кои се очекува дека Канцеларијата за корупција ќе ги проследи во следната кривична постапка, бидејќи овој дел од истражувањето за поткуп е речиси целосен.