Осудениот Праљак се отрул со цијанкалиум

Холандското обвинителството ги објави прелиминарните резултати од аутопсијата што беше направена врз телото на осудениот воен злосторник Слободан Праљак.

Според прелиминарните резултати од токсиколошките испитувања, во крвта на Праљак била пронајдена концентрацијата на цијанкалиум, што предизвикало затајување на функцијата на  срцето, пренесуваат хрватски медиуми.

Слободан Праљак, пред три дена испи смртоносен отров само неколку секунди откако му беше потврдена 20 годишната затворска казна за воени злосторства извршени во БиХ на почетокот од 1990 години.

Искусниот хрватско-американски адвокат Лука Мишетиќ, кој успешно го бранеше Анте Готовина во Хашкиот трибунал, на Твитер побјави дека Праљак во никој случај не можел да дојде до тој отров во единицата за притвор во Хашкиот трибунал, што наведува на заклучок дека тој имал „помошници“, кон кои сега е фокусирана истрагата.

Праљак се самоуби во судницата на последниот ден од работата на Трибуналот за злосторствата во поранешна Југославија во Хаг.

Оставете коментар