Откако Заев им ја понуди на Русите, македонската зелка тема и во Романија

Откако македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за црногорски медиум посака поголем извоз на земјоделски производи во Русија, конкретно наведувајќи ја македонската зелка, за неа стана збор и на собир на кооперанти во Романија.

„Оваа година бевме во Македонија, земја од два милиона жители, во полјоделски басен со 300 хектари под пластеници, каде што видовме 10 објекти за собирање на плодовие. Го земаа зеленчукот и го ставаа во гајби, според барањата, и тие потоа се извезуваа. Во Русија, дури и кај нас, напролет, видовме рана зелка од Македонија. Навистина, тие тешко извезуваат, но тоа е иднината, ќе видите“, рече Василика Хоарка, директор за продажба во компанија за семенски материјал на вчерашниот состанок на Здружението на производители-кооперанти во Слатина.

Покрај со македонска зелка, супермаркетите во Романија, дури и по селата, се преполни и со кромид од Полска, како и со домати од Холандија, се жалат романските земјоделци. И 27 години откако беа укинати државните задруги, малите производители, иако инвестираа многу во фармите, сé уште не успеваат да ги продадат своите стоки и Романците да јадат зеленчук произведен во земјата, беше констатирано на собирот.

Оставете коментар